Минималната плата во март ќе биде околу 20.500 денари, администрацијата ќе добие покачување

од Nikola Popovski
278 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши обелодени дека следниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година.

Според него, поради тоа сите вработени во државната администрација ќе добијат линеарно покачување на платата од над 2.000 денари.

-Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме сè што е во наша можност за да ги зголемиме платите, кажа Бектеши на прес-конференција во Влада.

Слични содржини