Министер е на мета на критики бидејќи ја споредил болеста коронавирус со жените: „Прво се обидувате да ја контролирате…“

од Nikola Popovski

Индонезискиот министер за безбедност, Мохамед Махфуд бил мета на остри критики, откако го спореди коронавирусот со жените, во обид да ја ублажи загриженоста на граѓаните за олеснувањето на строгите епидемиолошки мерки.

„Пред некој ден добив совет од пријател кој ми рече: Коронавирусот е како твојата сопруга. Прво се обидуваш да ја контролираш, а потоа сфаќаш дека тоа не иде така. И после тоа ќе научиш да живееш со неа“,изјавил Махфуд, пренесува „Независне“.

Индонезиската влада планира да ги укине карантинските мерки во некои делови од земјата и да се подготви за, како што рекол, „нова нормалност“.

„Дали сакаме да останеме затворени засекогаш? Можеме да се прилагодиме на ситуацијата и во исто време да се грижиме за нашето здравје“, изјавил Махфуд во видеото објавено на Јутјуб.

Неговата изјава предизвикала жестоки реакции од активистите и другите Индонезијци.

Некои граѓани се загрижени за рестартирањето на економијата, бидејќи ширењето на инфекцијата сè уште не престанало.

Слични содржини