Министерката Комитова: Има нешто многу чудно во несреќата, пожарот во автобусот почнал многу брзо

од Берта Китинска

На денот на несреќата тргнав кон местото на несреќата на автопатот Струма, пред да одам премиерот Стефан Јанев ме посоветува да не одам.Многу тешко ја преживеав оваа трагедија, зачудена сум дека по несреќата се појавија толку многу експерти, вели привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова.

-Има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи, изјави за БНТ привремената министерка за регионален развој на Бугарија, таа вели дека  несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар.

-Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира.Пожарот во автобусот на „Беса транс” зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот. Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на патот не е завршен, појасни регионалната министерка на Бугарија.

Во тешка сообраќајна несреќа на македонски туристички автобус на автопат во Бугарија загинаа 45 луѓе, а седуммина се повредени. Автобусотот на компанијата „Беса турс“ се враќал кон Скопје од туристичко патување во Истанбул.

Слични содржини