Министерот Бектеши оствари средба со амбасадорот на Казахстан, Абдрашов

од Andreja Salpe

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со амбасадорот на Република Казахстан во Република Македонија, Н.Е. Жанибек Абдрашов.

Тема на состанокот помеѓу амбасадорот Абдрашов и министерот Бектеши беше одржувањето на првата седница на Македонско-Казхстанската комисија за трговска и економска соработка која е закажана за почетокот на јули оваа година.

Министерот Бектеши потенцираше дека постојат големи можности за продлабочување на соработката помеѓу двете земји, пред се во делот на енергетика, рударство, животна средина, земјоделство, индустрија, инвестиции, туризам и транспорт, за што ќе се разговара на пленарната сесија од Првата Македонско-Казахстанска седница.

Според податоците за билатералната трговија, вкупната трговска размена помеѓу Македонија и Казахстан има релатив, но мал обем и бележи намалување во периодот од 2018 до 2020 година.

Министерот Бектеши изрази надеж дека во наредниот период овие бројки ќе се променат пред се како резултат на напорите на двете земји да се зајакне економската соработка и секако иницирање на инвестициски активности меѓу Македонија и Казахстан.

Министерот Бектеши нотираше дека Владата посветува големо внимание на поттикнување и на странските и на домашните инвестиции. Затоа земјата е целосно отворена за продлабочување на економската соработка и за поврзување на бизнис заедниците од двете држави за што ќе имаат бенефит и граѓаните и државите.

На состанокот се разговараше и за инвестициите во делот на енергетика кои што е предвидено да се реализираат во наредниот период, пред се во делот на гасното поврзување во регионот што ќе значи диверзификација на изворите на енергенси за компаниите и за граѓаните.

На средбата беше изразена заедничка согласност дека постои голем потенцијал за развој на односите помеѓу Македонија и Казахстан во области значајни за граѓаните на двете држави.

Слични содржини