Министерот за одбрана на Украина: Русија стои зад писма-бомбите во Шпанија

од Nikola Popovski

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников смета дека Русија стои зад писма-бомбите кои беа испратени во Шпанија, објави „Киев Индипендент“.

„Светот почнува да признава дека Русија е терористичка држава. Теророт не познава граници. Тие користат терористички мерки за своите терористички цели“, рече Резников.

Тој додаде дека разговарал со неговата шпанска колешка Маргарита Роблес за неодамнешните бомбашки напади.

Оваа недела во американската амбасада во Мадрид е пронајдено писмо-бомба, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“.

Писмото било оставено на контролниот пункт пред амбасадата. На 24 ноември во канцеларијата на шпанскиот премиер Педро Санчез пристигнало писмо во кое имало експлозивна направа, објави неодамна шпанското Министерство за внатрешни работи.

Уредот е сличен на оние што ги доби украинската амбасада во Мадрид, шпански производител на оружје во средата и базата на воздухопловните сили во близина на главниот град денес, се вели во соопштението на Министерството.

Слични содржини