Министерство за одбрана на Велика Британија: Војната во Украина ќе влезе во нова фаза

од Stefanija Kuzmanovska

Британското Министерство за одбрана оцени дека војната во Украина ќе влезе во нова фаза.

Во соопштението на британското министерство се наведува дека украинските сили се повеќе ги насочуваат своите напади врз мостови, складишта за муниција и железнички врски во јужните региони на Украина, пишува „Гардијан“.

„Војната меѓу Русија и Украина наскоро ќе влезе во нова фаза, а најтешките борби ќе се префрлат на линијата на фронтот од околу 350 километри што се протега југозападно, од околината на Запорожје до Керсон, паралелно со реката Днепар“, пренесе „Гардијан“.

Слични содржини