Министерството за култура го осуди вандализмот врз Аквадуктот

од Vladimir Zorba

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што се оштетени 10 потпорни носечки столбови. – стои во соопштението од Култура.

Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија, информираат надлежните од министерството.

Слични содржини