Министерството за одбрана ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

од Vladimir Zorba

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО, соопшти министерката Радмила Шекеринска.

На конференцијата која ќе се одржи наесен, во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО експерти за стратегиски комуникации од сите земји – членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји.

Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за моменталните и идните предизвици во областа на стратешките комуникации.

За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО системот за обука во доменот на стратешките комуникации.

Министерството за одбрана ја доби довербата од сојузниците да ја организира оваа конференција во Скопје уште во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од пандемијата на covid-19. Во 2020 и во 2021 година, конференцијата се одржа со видео конференциска врска.

Слични содржини