Министерството за правда: Надлежен за регистрирање на клубот „Ванчо Михајлов“ е Централниот регистар Битола

од Nikola Popovski

Министерството за правда денес соопшти дека не е надлежно за регистрирање на клубот „Ванчо Михајлов“, туку дека надлежноста е на Централниот регистар Битола.

Според нив, „Ванчо Михајлов“ е регистриран на 15.03.2019 година во Централниот регистар Битола.

-Лицето Љупчо Ѓорѓиевски достави барање до Министерството за правда на 27.02.2019 година со кое во името на Културниот центар бара одобрение за употреба на името „Иван Михајлов”. Министерството за правда во писмен допис од 15.03.2019 година го информира Ѓорѓиевски дека Министерството не е во можност да издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов” во име на здружението. Министерството се повикува на фактот што во називот на здружението Културен центар „Иван Михајлов”, кое е е во постапка на основање и регистрирање пред Централен регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а имајќи предвид дека не постои регистар на историски личности или било кој друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност  поради што министерството, не може да даде одобрение, велат од Министерството за правда за МИА.

Отворањето на Центарот за култура на ВМРО „Ванчо Михајлов“ во Битола, финансиран од бугарската влада и на кој присуствуваа највисоките бугарски функционери, предизвика бурни реакции на политичката и медиумската сцена во Македонија.

Последните тензии би можеле да доведат до ново вето од Софија за почеток на преговорите за влез во Европската унија.

Голем дел од јавноста отворањето на клубот наречен „Ванчо Михајлов“, го смета за „бугарска демонстрација на фашизмот среде Македонија“.

Бура предизвика дводневната посета на бугарската делегација на отворањето на овој центар, која беше составена од високи државни функционери на локалната власт и опозицијата.

Слични содржини