Министерството за здравство апелира ВМРО-ДПМНЕ да престане со изнесување неточни информации во време на вонредна состојба

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство најостро ги демантира дезинформациите изнесени на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводно прикривање на 20тина случаи на заболени од ковид-19 од страна на министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со изнесените невистини, Mинистерството за здравство го истакнува следново:

1) Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, на ден 02.06.2020 година е регистриран 1 позитивен случај на коронавирус во градот Штип.

Во прилог испраќаме линк за точно информирање на јавноста од дневната статистика за 02.06.2020 година што ја води Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/sostojba-so-covid19-za-162020/.

Исто така, не е точна ни информацијата дека директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Ален Ѓеорѓиев изјавил дека се регистирирани 14 нови случаи.

Бројката на хоспитализирани пациенти во болницата на0 2.06 е 14, а тоа е точно наведено во дневното соопштение на Министерството за здравство испратено до медиумите и објавено на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-76-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2391-ozdraveni-se-26-pacienti-pochina-1-lice-2/

Министерот Филипче, од првиот дијагностициран случај на ковид-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. Поради тоа, не се точни обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на статистиката со новозаразени.

2) Имено, на 02.06.2020 година, министерот Филипче на прес-конференција потенцираше дека се до почеток на прес-конференцијата се уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија. Подолу транскрипт од неговата изјава на прес конференцијата на споменатиот датум:

„Во однос на дневната статистика, се до почеток на прес-конференцијата сѐ уште не беа стигнати бројките од една приватна лабораторија. Во однос на тоа, дозволете да кажам дека би било добро сите да ги чекаме официјалните бројки и да нема шпекулации.“

По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18:41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата.

3) Во врска со Велес, вчера, Министерството за здравство во соопштението за дневна статистика испратено до медиумите информираше дека по завршување на епидемиолошките анкети 2 лица од претходниот ден регистрирани во Скопје се од Велес. Во прилог линк до соопштението: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-120-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2611-ozdraveni-se-16-pacienti-pochinati-se-2-lica/

Потенцираме дека во ниту еден случај министерот Филипче и Министерството за здравство не се обиделе да прикријат податоци и уште еднаш потсетуваме дека од првиот регистриран случај па досега, министерот Филипче и Министерството за здравство ја информираат точно и навремено јавноста до секој детал.

Министерството за здравство апелира да престанат да се изнесуваат неточни информации во време на вонредна состојба со коронавирус за собирање на дневно политички поени.

Стоиме на располагање и отворени сме за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на јавноста“, се вели во соопштението.

Слични содржини