Министрите на ЕУ ќе разговараат за методологијата на проширување

од Aleksandar Petrovski

Советот на министри за општи и европски прашања на Европска Унија на денешниот состанок ќе ја разгледа новата методологија на проширување.

Методологијата пред министрите во Брисел ќе ја претстави комесрот за проширување Оливер Вархеји.

Советот на ЕУ во март ќе се врати на темата политика на проширувањето како би се усвоиле заклучоци и би се подготвил за мартовскиот самит на лидерите на ЕУ, на кој се очекува нов обид за постигнување консензус на земјите-членки за давање „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Слични содржини