Министрите на Г20 на состанок: Ќе разговараат за зајакнување на здравствените системи

од Stefanija Kuzmanovska

Министрите за здравство на земјите од Г-20, кои ги имаат најголемите економии во светот, денеска во Џакарта започнаа серија состаноци за да разговараат за зајакнување на здравствените системи ширум светот во светло на пандемијата на коронавирус.

„На состаноците ќе се разговара за изградба на систем за здравствена безбедност, усогласување на здравствените протоколи поврзани со коронавирусот, стандардизирање на меѓународните патни документи и зајакнување на фармацевтската индустрија“, рече портпаролката на Министерството за здравство на Индонезија, Надија Тармизи.

Тармизи најави дека на состаноците ќе присуствува и генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Соработката на глобално ниво е клучна за да се надмине оваа пандемија и да бидеме подготвени за следната“, рече Тармизи на прес-конференцијата пред првиот состанок на министрите.

„Затоа оваа средба е важен момент за Г20, бидејќи ќе им овозможи на земјите да обезбедат поддршка за зајакнување на капацитетите на здравствените системи на национално, регионално и глобално ниво“, додаде таа.

Слични содржини