Мира Сорвино: Бев силувана, не сакам да навлегувам во детали

од Vlatko K

Актерката Мира Сорвино е една од првите жртви која зборуваше за сексуална злоупотреба на
медиумскиот магнат Харви Вајнштајн, а вчера за прв пат откри дека таа била силувана.


– Преживеав силување. Никогаш не сум го кажала тоа јавно и не сакам да навлегувам во детали,
рече Сорвино низ солзи и продолжи: „Немав храброст да го кажам тоа на глас, затоа што
понекогаш е невозможно да се признае дека тоа се случило и јас го правам тоа тука, за да можам
да помогнам на некого“.

Сорвино ја раскажа својата приказна на прес-конференција организирана од страна на гувернерот
на Њујорк, Ендрју Куомо. Политичарот има за цел да се укине застарување на делото за жртвите на
сексуален напад.

Актерката контактирала и со движењето #TimesUp и #MeToo.
– Поддршката која ја добив беше прекрасна, но морав повторно да доживеам некои трауми, призна
таа, додавајќи: „Ми беше срам. Мислев дека нешто не е во ред“.

Мира е една од првите којаго обвини Вајнштајн за несоодветно однесување. Таа рече дека во 1995
година, кога таа го снимала филмот „Mighty Aphrodite“ за неговата компанија, јамалтретирал во
хотел за време на филмскиот фестивал во Торонто.

-Тој почна да ми ги масира рамењата, што ме натера да се почуствувам многу непријатно, а потоа
тој се обиде нешто повеќе, ме бркаше во собата“, сподели претходно актерката.

Слични содржини