Мираковска до Милошоски: Се обидувате преку уставните судии да видите дали се уште имате влијание

од Viktor Jovanov

Претседателката на законодавно-правната комисија во Собранието Соња Мираковска, во денешната емисија Вин-вин објасни дека тоа вчера што се случило во Собранието во врска со членот 11 кој се однесува на аболицијата на екс претседателот Ѓорге Иванов не било толкување од едноставна причина што таков член воопшто и не постои.

-Позади иницијативата за толкување на членот 11 стои целата пратеничка група на СДСМ, а не само двајца пратеници. Тоа вчера не беше автентично толкување, таков член нема, вели Мираковска.

Пратеничката додава дека ВМРО-ДПМНЕ се обидела преку Уставниот суд да видат до каде се со нивното влијание и дали луѓето заборавиле на она што се случувало од 2006 до 2016 година.

-Од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да кажат дека ова е игранка и местенка со членот 11 и Уставниот суд. Се обидоа преку инструментот уставни судии да видат до каде се, дали уште имаат влијание, дали до толку луѓето заборавиле што се случуваше. Но после тоа вчера, јасно ви е дека тоа не е возможно, затоа вашите колеги стоеа позади камерите и не зборуваа. Обично се борбени, сакаат да држат тензија, сега стоеа позади камерите, му се обрати пратеничката Мираковска на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Слични содржини