Мираковска: Со години го поправавме системот за да навистина се дојде до правда

од Vladimir Zorba

„Чекориме за правда затоа што борбата за правда се уште не е завршена. Правдата не е ниту поезија ниту парола. Правдата е храброст, чесни луѓе, ефикасност но правдата пред се е систем. Што правевме овие години, го поправавме системот за да навистина се дојде до правда, тоа беше нашата работа во Собранието и тоа го заокруживме со вчерашниот ден со ЗЈО и со законот за совет на Јавни обвинители,“ посочи во своето обраќање на Маршот за правда Соња Мираковска, пратеничка од НСДП и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Таа вели дека важно било за власта да се донесе ЗЈО ,но тоа да се направи со консензус.

– Ако се движите кон НАТО и ЕУ вие сакате клучните закони кои се важни за сите, да ги донесете со консензус. Но не успеавме ВМРО-ДПМНЕ немаше намера да се вклучи во процесот. За нив беше важно да се заштити криминалот и нивната врхушка која преку луѓето кои се во Парламентот не сакаше да дозволи да дојдеме до решение кое ќе биде заедничко за сите. Но ова беше важно, вели таа.

Мираковска испрати порака до ЕУ.

– Ние нашата задача ја завршивме и онаа последна опомена која ја имавме дека треба да го донесеме законот за јавно обвинителство и тука, и сега вие сте на потег. Ние очекуваме Датум за почеток на преговори. Сметаме дека како држава сме спремни и тоа треба да го добиеме и таму е нашето место, смета таа.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини