Ученици од Куманово, денеска мирно протестираа и побараа настава со физичко присуство. На протестот учествуваа ученици кои следат настава на македонски и ученици кои следат настава на албански наставен јазик. Учениците и дел од родителите на протестот велат дека онлајн наставата не е соодветна, нема услови за непречено одвивање и нема да ги даде посакуваните реаултати.
Учениците, но и некои родители кои го подржаа протестот кажаа дека дел од учениците немаат опрема за следење на наставата и сакаат да се вратат во училишните клупи, бидејќи сметаат дека онлајн наставата нема да ги даде посакуваните резултати, но и дека не секој ученик има уред за таков вид настава. Учесниците на протестот нагласија дека не може да има Ковид-19 само во училиште и посочија дека цело време работат ноќните клубови, кафулиња.
Во изјавата за медиумите учениците велат дека не е исто да се следи настава онлајн и со физичко присуство, професорите, велат повеќе внимание посветуваат кога наставата се изведува со физичко присуство, а нагласија дека како млади луѓе сакаат да ги поминат средношколските денови заедно.
Родителите ги подржаа учениците. Тие велат дека не секој може да си дозволи интернет, лап топ, дека ако веќе се е отворено, игротеки, кафе барови, стопанство, зошто е не е дозволено децата да следат настава во училиште со протоколи.
– Од Ковид-19 според вас не може да се зарази во сите тие кафулиња и ноќни клубови каде што народот е еден до друг и милиметар не ги дели, а во школо тоа може? Ако веќе сте решени за онлајн настава зошто не обезбедите на сите лап топ и интернет? Што мислите ние имаме средства? Нашите родители не се милионери и бизнисмени. Што да кажеме за практична настава? Немаме обезбедено превоз, сами се снаоѓаме- рече во говорот, Дамјан Петрушевски, еден од организаторите на протестот.
Средношколците најавија деќа ќе организираат протести и наредните денови, се додека не се промени одлуката на Комисијата.
Протестот беше организиранн преку социјалните мрежи.