„Мирниот“ живот на Меган и Хари во Канада

Принцот Хари и сопругта Меган Маркл го свртеја грбот на кралското семејство за да водат „мирен живот“ во Канада, или барем на тоа се надеваат.

 

Младиот брачен пар ќе мора да се прилагоди на новиот живот во Норт Саанич, предградие на Викторија во канадската покраина Британска колумбија.

Норт Саанич на интернет е претставен како „многу атрактивна стамбена и рурална зона“ со големо „земјоделско богатство“. Војвотката од Сасекс е видена како се шета со нивниот син Арчи во националиот парк Норт Хил, по соопштението од Бакингемската палата.

Во 2018 година 12.000 луѓе живееле во тоа мало гратче на јужниот дел од островот Ванкувер, на западниот брег од Канада. Тоа е само една третина од жителите на Винздор, каде Хари и Меган живееја. Исто така, нема ништо заедничко со Лондон или Торонто, каде Меган живееше неколку години.

Новиот дом има помалку соседи и многу малку медиумско внимание. Споритвно од Daily Mail и останатите британски таблоиди, кои секогаш трагаат по сензационализам, локалните весници најмногу се занимаваат со приказни за рециклирање и хуманитарни акции.

Хари и Меган се чини дека бараат мир, но од време на време ќе им треба урбано возбудување, а тука им е Ванкувер, кој лесно може да го посетат.

Тој гран на Пацификот има многу надимаци како „Холивуд да северот’ поради големиот број филмови и серии снимени таму, како и „No Fun City“ (досаден град) бидејќи има многу малку динамика.

Доколку сакаат да навиваат за некој фудбалски клуб, Хари е страсен навивач на Арсенал, ќе мора да ги изберат Ванкувер Вајткапс, послаб тим на североамериканската фудбалска лига, или да се префрлат на хокеј.

Околината е полна со локални продавници и штандови со храна од сите видови, па брачниот пар ќе има доста избор.

Слични содржини