Мисајловски: Велите Албанец премиер, а не им се обраќате на гласачите Македонци

од Nikola Popovski

„Ако градите држава треба за сите. Ве замолувам во оваа дебата да се обратите и кон Македонците, бидејќи вие велите Албанец премиер“, изјави носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ од втората изборна единица, Владо Мисајловски.

„Не можат да се заборават Македонците и сите останати. Не е ова партиска дебата што ќе понудите кон сите граѓани, не може вака со празни флоскули. Ова е гола реторика што се употребува и ништо повеќе“, вели Мисајловски.

Мисајловски додава дека сите треба да размислуваат уште од сега дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од идната Влада и сите разговор треба во таа насока да се водат.

Слични содржини