Мишел ги покани лидерите на ЕУ на самит, главна тема ќе биде Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, испрати писмо до лидерите на земјите-членки на Унијата, во кое ги покани на самитот закажан за четврток и петок, 23 и 24 март, во Брисел.

Во писмото Мишел ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор утре, 23 март, ќе биде Украина.

Самитот ќе започне со работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа на лидерите преку видео конференција ќе им се придружи и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Слични содржини