Мишел: Македонци имате историска можност да кажете „ДА“

од Берта Китинска

Започнувањето на преговорите ќе донесе многу предности , но вие одлучувате за клучните чекори Според мене вашата иднина е заедно со ЕУ, вели претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел кој е во посета на Скопје.

-Ако кажете „ДА“ првата конференција ќе се одржи за неколку денови. Ќе започне билатералниот скрининг. И со овој предлог јасно дискутираме за македонскиот јазик и предлогот го почитува тоа, кажа претседателот на Советот на Европа.

Тој напомена дека ова е историски момент за нашата земја.

-Македонци имате историска можност да кажете „ДА“ на почетокот на преговорите „ДА“ на ЕУ, „ДА“ за нашите деца, кажа Мишел.

Слични содржини