Мишел порача од Хирошима: Глобалната безбедност е загрозена

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска при посетата на Хирошима изјави дека глобалната безбедност е загрозена, како што наведе, „од руската инвазија на Украина и неодамнешниот севернокорејски ракетен тест“.

Мишел рече дека Хирошима, град кој претрпе атомско бомбардирање, е „остар потсетник“ дека е итно да се зајакнат меѓународните правила за нуклеарно разоружување и контрола на вооружувањето, пренесува „Ројтерс“.

Русија е нуклеарно вооружена држава која ја напаѓа суверената нација Украина.

Слични содржини