Мишел: Целото законодавство на ЕУ ќе биде преведно на македонски јазик

од Берта Китинска

Со овој предлог јасно се почитува македонскиот јазик, целото закондавство во ЕУ ќе биде преведно на македонски јазик, рече на денешната пред конференција претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.

„Македонски јазик е ваш јазик, и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик. Свесни сме за загриженоста што ја изразија некои луѓе во врска со вашиот национален идентитет и може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Европскиот совет. Систематски стојам зад вашите легитимни права“ рече Мишел.

Македонци, имате историска можност да кажете да, да на почетокот на преговорите, да на ЕУ, да за нашите деца, вашата земја има прилика уште еднаш да стане првак во проширувањето, тоа ќе внесе нова динамика, овие реформи ќе ве приближат до ЕУ, додаде Мишел.

Слични содржини