Мистерија: Место со 1.200 жители во срцето на Ломбардија нема ниту еден заразен од коронавирус (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Мал град во северна Италија, во срцето на Ломбардија, на 45 километри оддалеченост од Милано, под името Ферера Ербоњоне, со население од 1.200 жители, сè уште нема ниту еден заразен од коронавирус.

Жителите на ова место тврдат дека ги презеле сите превентивни мерки од првиот ден и дека се горди на податокот што денес немаат заразени лица.

Градоначалникот Џовани Фасина ги извести сите семејства дека ќе можат да нарачаат крвни анализи во лабораторија во блискиот град Саназаро де Бургунди (Павија) ​​до 2 април за да проучат детално што може да биде причината за ваквиот феномен.

„Ние веруваме дека не е до генетиката. Ние сме исто како и сите други. Очигледно, населението ги почитува мерките на претпазливост и наредбите. Сигурно дека сите сметаа дека е потребно строго да следат упатства. Имаме постара популација и висока просечна возраст на населението, секако има голема чувствителност“, рече Фасина, пренесува Ла Стампа.

Анализите ќе бидат бесплатни, а за оние кои не можат да одат до Павија, анализите ќе можат да се направат дома.

Целта е да се испитаат антитела кои можат да го поразат коронавирусот. Хипотезата е дека постои нешто во имунолошкиот систем на жителите од овој град што може да објасни како никој не е позитивен на коронавирусот и што може да помогне во обидот да се запре тој да се шири низ цела Италија и во светот.

Целиот процес ќе го следат надлежните регионални тела.

Во регионот на Ломбардија починаа најмногу луѓе, а регистриран е најголем број на заразени лица во цела Италија.

Слични содржини