Мистериозна жена тврди дека 90 000 луѓе се заразени со коронавирусот: „Не е важно што вели владата, јас сум тука да ја кажам вистината“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи се појави видео од медицинска сестра со заштитна облека и маска за лице, во кое се вели дека има околу 90.000 заразени од коронавирусот во Вухан.

Жената во видеото, наводно, е медицинска сестра, а автентичноста на снимката не е потврдена. Официјалните бројки велат дека околу 2.000 луѓе се заразени, многу помалку отколку што вели жената на снимката.

– Јас сум во областа каде што започна коронавирусот. Јас сум тука да ја кажам вистината. Во овој момент, во провинцијата Хубеи, вклучително и областа Вухан, од вирусот има 90.000 заразени луѓе – вели непозната жена, пренесува „Дејли меил“.

Во видеото ги предупредува луѓето да не излегуваат и да ја откажат кинеската новогодишна прослава.

– Сакам да им кажам на сите што го гледаат ова да не излегуваат. Не одете на забави и не јадете надвор. Еднаш годишно славиме Кинеска нова година. Ако сега сте сигурни, наредната година ќе ја славите здрави – вели таа.

Таа исто така истакнува дека не е важно што вели владата и бара од сите да донираат маски и облека за Вухан.

– Ве молам, помогнете. Ве молиме, донирајте чаши, маски и облека за еднократна употреба. Нашите ресурси не се доволни – вели жената.

https://www.youtube.com/watch?v=fMMdrfEZht8&feature=emb_title

Слични содржини