Митева: Очекувам позитивен исход од средбата Мицкоски-Пендаровски

од Берта Китинска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во изјава за Утрински брифинг вели дека иницијативата за утрешната средба со шефот на државата Стево Пендаровские е државнички потег на Мицкоски.

-Средбата е на барање на претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јас можа да кажам дека тоа за мене претставува државнички потег затоа што кога претседателот на државата и лидерот на најголемата политичка партија ќе седната да разговараат и ќе имаат исти ставови по однос на неправедно осудените лица од 27 април и за актуелната политичка -економска ситуација се надевам дека ќе има позитивен исход од оваа средба да почекам да видиме како сето ова ќе се одвива, вели Митева.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци ја прекинаа комуникацијата со шефот на државата Пендаровски. Мицкоски минатата година соопшти дека партијата ќе ги замрзне односите со претседателот на државата откако Пендаровски одлучи да му го додели мандатот на Зоран Заев по парламентарните избори.

Тогаш ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од тој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со шефот на државата и ќе ги преиспита политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски.

Слични содржини