Митов: Петков должи одговори за она што се случи во Скопје

од Берта Китинска

Ентузијазмот на премиерот Петков е во спротивност со јавното мислење, а премиерот должи многу одговори, бидејќи за поголемиот дел од бугарската јавност воопшто не е јасно што всушност се случи во Скопје – дали Кирил Петков отстапи од бугарската позиција? Вака ја коментираше пратеникот на ГЕРБ, Даниел Митов средбата Петков – Ковачевски на „Денот почнува“ .

„Практично сите партии и учесници во Советот за национална безбедност се обединија околу цврст став, кој се заснова на Рамковниот став од 2019 година. Декларацијата на Парламентот и овие документи се рефлектираат во таканаречената позиција 5 + 1. Доколку Бугарија се повлече од ова не знам како да го класифицирам, освен како пречекорување на мандатот и речиси предавство“, додаде Митов.

Пратеникот ги оцени како голем проблем изјавите на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски дека Бугарија практично ги откажала досегашните позиции и Кирил Петков си заминал со сосема нова преговарачка рамка.

„Ме загрижуваат неколку работи. Бугарскиот премиер не ја користи стручноста на МНР. Ако ја користеше можеби немаше да бидеме сведоци на ова вербално растројство во неговите одговори. Второ се плашам дека е заробеник на логиката „да ја пуштиме С.Македонија да преговара, а потоа можеме да ги запреме во текот на преговорите доколку не исполнат одредени услови“. Оваа логика е неостварлива“, додаде тој.

„Црвените линии се јасни и се поврзани со длабоки историски и политички акумулации. Не може сите да се расчистат, но можеме да влеземе во добрососедските односи опишани во договорот што го потпишаа двете земји“, смета Даниел Митов.

„Односите меѓу Бугарија и РСМ не се само билатерални и имаат реперкусии во ЕУ. Кога станува збор за земја членка на ЕУ, Европската комисија на крајот мора да гледа на Бугарија како членка на Клубот на европските држави и да застане зад агендата или планот што го имаме“, рече тој.

Слични содржини