Детството е нешто прекрасно, неслучајно повеќето луѓе (веќе пораснати) со носталгија се сеќаваат на минатите безгрижни денови. Детските години се карактеризираат, освен со веќе споменатата безгрижност, со среќа и не на последно место – со претставата за еден подобар свет, од тоа што е всушност.3615759966605a71b47fa80cd0bc6a8f

Малите девојчиња имаат искривена и неточна претстава и во однос на љубовта. Од оваа причина жените небаре се програмирани да го бараат “единствениот” и да се надеваат на вечна љубов. Токму фактот дека дамите ги пренесуваат детските претстави во веќе реалниот свет на возрасни луѓе, го попречува нивниот љубовен живот.

За да не ги саботирате повеќе своите врски, еве на кои митови од детството треба да престанете да верувате:

1. Принцот на бел коњ ќе дојде

Секоја од нас, која ги сакала “Пепелашка”, “Убавицата и ѕверот” или некоја друга приказна, секогаш верувала дека принцот на бел коњ ќе дојде и ќе ни го направи животот среќен.Растејќи сепак, сфаќаме дека работите не се случуваат токму на овој начин. Една жена може да сретне многу мажи. Понекогаш вистински, почесто не. Погрешниот човек не мора да значи дека човекот е лош. Понекогаш двајца луѓе едноставно не се компатибилни или сакаат различни нешта од животот. Мажот кој за вас е погрешен, може да биде вистинскиот за некоја друга. Престанете да очекувате дека секој нареден е Принцот. Порано или подоцна ќе најдете соодветен човек за вас, а тоа многу пати се случува дури и без да се сомневате.

2. Никогаш нема да бидете повредени

Врските се тешки и често болни. Како девојчиња едвај сте замислувале дека може да страдате поради љубов, но по првата болна разделба, многу брзо ќе се уверите во спротивното. Да соберете храброст да љубите повторно, откако срцето ви е скршено, е најтешкиот дел. Сепак не треба да се откажувате од љубовта, макар да сте имале разочарувања. Само бидете подготвени за нив.

3. Никогаш нема да бидете изиграни

Најопшто кажано мажите се делат на “добри” и “лоши”. За жал, многу често жените се вљубуваат токму во лошите. Вљубеностаги прави ранливи, па затоа многу лесно тие стануваат жртва. За да се заштитите, или барем делумно, не смеете да мислите дека сте осигурани од средбата со “играч”. Таквите секогаш ги имало и најверојатно секогаш ќе ги има.

4. Секогаш ќе се однесуваат со вас, како што татко ви правел

Ако вашиот татко ве третирал како принцеза, имајте на ум дека не од сите ќе добивате сличен однос. Во случај да имате премногу високи очекувања, ќе бидете многу разочарани. Не заборавајте исто така дека врската се крепи на напорите на двајцата партнери. Па не очекувајте вие да бидете принцеза, ако не го третирате партнерот како принц.

5. Сѐ ќе биде лесно

Ништо во животот не е лесно. Ова се однесува и за љубовта и врските. За да имате здрави односи, не е доволно со партнерот само да сте блиски. Вие мора да научите да се справувате со тешкотиите и да правите компромиси во името на другиот, ако сакате врската да преживее. За да има “и си живееја среќно до крајот на животот”, треба претходно да се потрудите доста.

Слични содржини