Митрески: Нервозните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ прават скандал, со намера да предизвика инцидент

од Берта Китинска

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков вчера на социјалните мрежи обајви видео на кое што се гледаше расправии меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и собранискиот спикер, Талат Џафери.

Пратениците од опозицијата обвинуваа дека насилно се заклучени во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во изјава за „Локално“ вели дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ намерно прават скандали со намера да предизвика инцидент.

-Намерата на пратениците од опозицијата е за секоја точка од дневниот ред сите да се пријавуваат за говор за да го одолговлекуваат времето. Но, вчера очигледно им падна енергијата, многу од нив не беа присутни во сала кога се отвори точката и видно нервозни за ситуацијата почнаа да пријавуваат пратеници за збор кои не беа присутни во моментот. Затоа, заради пребројувањето и читањето на пријавените како и секој пат досега во вакви ситуации се затвараат вратите за да нема влегување и излегување од сала. Вакви ситуации имало стотици во работата на Собранието, но нервозната опозиција прави скандал од се со намера да предизвика инцидент, вели Митрески.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе поднесе интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери по синоќешната драма во Собранието, кога собранискиот претседател по пријавувањето за збор ги заклучи вртатите од собраниската сала.

ВМРО-ДПМНЕ велат дека Џафери направил кривично дело, го загрозил слободното движење на пратенциите, го прекршил Уставот и Деловникот.

Во вжестена атмосфера тие бараа синоќа полиција да дојде за да ги отклучи вратите, и ја окупираа собраниската говорница.

Б.М.

Слични содржини