Митрески за 27 април: „Уставобранителите“ како што ги нарекува Мицкоски, се само обични насилници

од Nikola Popovski

„Денес, четири години од денот кога ова Собрание, храмот на демократијата, беше претворено во крваво бојно поле за одбрана на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Вооружени насилници, посегнаа по животите на пратеници, на новинари, посегнаа по уставниот поредок, по демократијата и волјата на граѓаните, а државата ја днесоа на раб на граѓанска војна“, изјави лоординаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески, по повод 4 години од 27 април.

Тој истакна дека тие насилници не се и никогаш нема да бидат уставобранители како што денеска лицемерно ги нарекува Христијан Мицкоски.

„Од држава на раб на граѓанска војна, денес сме држава членка на НАТО со трајно обезбедена сигурност. Од држава во која човековите права и слободи беа системски погазувани денеска сме држава каде демократијата, правата и слободите секојдневно се унапредуваат. Од поделена, изолирана држава, денес сме држава на едно општество, држава партнер и сојузник на демократскиот свет. Денес, Собранието повторно е храм на демократијата и поле на размена на идеи и аргументи“, потенцира Митрески.

Слични содржини