Митрев: Најмладиот пациент кој што го лекувавме беше 23-годишно момче во тешка состојба

од Nikola Popovski

„Најмладиот пациент кој ние го лекувавме како клиника „Жан Митрев“ е 23-годишно момче во тешка состојба. Многу од пациентите кои ги презедовме дојдоа од ГОБ „8-септември“ и од Инфективната клиника“, изјави д-р Жан Митрев за емисијата „Само вистина“.

„Голем број од овие пациенти беа веќе на респиратори во други институции.  Голем проблем претставува и суперинфекцијата кога пациентот подолго време е болен и шансите на него да се накалеми една болничка инфекција е многу полесно. Опоравањето кај овие пациенти е многу мачно и многу долго. Кај некои пациенти имаме веќе четврти и петти циклус на хемофилтрација“, соопшти Митрев за пациентите кој што се наоѓаат во неговата клиника.

Слични содржини