Актуелно
Почетна / Македонија / Митрев: Ние сме многу искрени за бројот на заразени и починати, за разлика од други земји кои ги кријат податоците

Митрев: Ние сме многу искрени за бројот на заразени и починати, за разлика од други земји кои ги кријат податоците

Кардиохирургот д-р Жан Митрев за емисијата „Само вистина“ изјави дека практично оваа пандемија не е стивната во ниеден момент.

„Се повеќе и повеќе зема замав. Бројките го кажуваат тоа, брановите се тука и продолжуваат и понатаму. Тоа го гледаме насекаде“, вели Митрев.

Тој соопшти дека ние во нашата земја сме искрени кога се работи за бројката на заразени и починати, за разлика од други земји кои веќе не можат да ги кријат бројките.

„Желбата и притисокот да се вратиме во нормала, под притисокот на економијата таму кај што застанавме е нормална и неминовна. Вирусот си тера по свое и морам да признаам дека не сум сретнал вакво нешто во мојата кариера“, рече Митрев.

loading...