Митревски: Јазикот и идентитетот се факт, немаме потреба да бидеме дел од расправата на Комисијата (ВИДЕО)

Пратеничката група на СДСМ не чувствува потреба да расрпава за македонскиот јазик и идентет, посочува Јован Митрески, координаторот на пратеничката група.

Како што е познато, Антониот Милошоски утринава ја закажа седницата на Комисијата за надворешна политика за в четврток, па оттаму Митревски на новинарско прашање дали СДСМ ќе учествуваат на истата посочи:

„Станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност. Jас и после завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што беше како предлог Дневен ред поставена истата точка, дадов изјава и ќе ја повторам истата. Јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието“, истакна актуелниот пратеник.

Слични содржини