Митревски: Власта покажа демократски капацитети, отчетност и отвореност кон граѓаните

од Aleksandar Todeski

Бевме заробена држава, сега после само три години сме пред портите на Европската Унија и НАТО, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски во обраќање пред формирањето на техничката влада.

„Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат враќање на режимот, туку ќе се определат за европската иднина. Се надевам дека техничката влада ќе даде придонес за државата“, рече Митревски.

Тој истакна дека му е драго што нема да се врати времето на Груевски кога се местеа избори и додаде дека оваа власт покажала демократски капацитети, отчетност и транспарентност кон граѓаните. Се осврна и на успесите кои ги постигнала владата.

Според него, по изборите граѓаните повторно ќе гласаат за СДСМ, бидејќи како што рече, за само три години направиле многу за државата.

А.Т.

Слични содржини