Мицевски бара на дневен ред да се стави распуштање на Собранието

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ побара претседателот на Собранието, Талат Џафери денес да закаже седница за распуштање на парламентот.

Со тоа и официјално ќе почне да тече максималниот рок од 60 дена за одржување на изборите на 12 април. Џафери пред неколку дена најави дека Собранието ќе се распушти на 16 февруари.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во обраќањето пред пратениците изјави дека очекува Џафери или да ја уважи иницијативата која ја испратила неговата пратеничка група за распуштање на Собрание, или пак да се спроведе неговата.

– Очекуваме да ја ставите точката на дневен ред, да се распушти парламентот и да се распишат предвремени парламентарни избори на кои народот ќе одлучува и ќе ја преземе судбината на оваа земја во свои раце, порача Мицевски.

За предлогот за распуштање на парламентот да биде усвоен потребно е да се обезбедат минимум 61 глас „за“.

Слични содржини