Мицевски: Иако Владата е во оставка нема пречка да се одржи седницата за пратенички прашања

од Берта Китинска

Дури пет месеци, ако го броиме и декември, на пратениците им е ускратено правото да поставуваат пратенички прашања.Иако Владата е во оставка, според Уставот нема никаква пречка да се одржи седницата за пратенички прашања и владините функционери да дадат одговори на прашањата од пратениците, вели Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, во членот 93 во ставот 5, јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка, како во овој случај или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова Влада. Зоран Заев и неговите министри повторно свесно го кршат Уставот, нешто што впрочем им стана пракса. Дојдоа на власт преку кршење на Уставот и Деловникот, така и си заминуваат.Денес, Зоран Заев и неговите министри избегаа од одговори кои треба да ги дадат на јавноста, а се однесуваа за криминал, корупција, надворешна политика, енергетска криза, како и локални проблеми кои ги мачат граѓаните, посочи Мицевски.

Тој вели дека владата избегала од одговори за прашањата кои директно ги засега граѓаните, а се поврзани со енергетската криза во која што се наоѓаме.

-Нема одговори за тоа колку ќе се покачи цената на струјата, нема одоговри ниту за криминалите во енергетскиот сектор за кои е сведок целата македонска јавност.Бегаат од одговори и одговорност за трагичната автобуска несреќа во која животот го загубија 45 наши сограѓани, за која се испостави дека не се работи само за обична несреќа туку за катастрофално нефукнкционирање на системот, низа на пропусти поврзани со дозволите за транспорт, лиценци и технички преглед на возилото.Иако веќе еден месец се кријат и бегаат од одговор за скандалот со пропуштањето на 1 тон наркотични супстанци во државата, денес повторно со неодржувањето на седницата за пратенички прашања повторно избегаа од одоговри за оваа криминала афера.Нема одговори ниту за скандалот што деновиве ја тресе Македонија, поврзан со продажбата на АД Славија, за кои има индикации за сериозен криминал и корупција, а за кој Зоран Заев и неговите министри молчат, кажа Мицевски.

Слични содржини