Мицевски: Каде е оставката на Филипче?

од Берта Китинска

„Вие велите оставката е поднесена, каде е оставката ? Оставката на член на Влада до претседателот на Собрание се произнесува преку претседателот на Владата, ние ја немаме добиено уште, доколку е доставена“, праша координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од собраниска говорница.

-Ја повикувам Владата, согласно Устав и Деловник, да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.Како би можеле ние согласно член 220 да ја констатираме и затоа барам еден час пауза, за да во тој еден час биде доставена оставката и да завршиме веќе со оваа фарса, истакна Мицевски.

Слични содржини