Мицевски: Крива Паланка заедно со останатите општини од Североисточниот плански регион работат на регионално управување со цврстиот отпад

од Hristina Nikolovska
На средината од својот градоначалнички мандат првиот човек на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски вели дека пред себе има уште многу амбициозни проекти со цел овој мал град на североистокот да го направи пријатно и модерно место за живеење. Во интервјуто ги потенцира најзначајните инфрастуктурни зафати во урбаниот и руралните делови на градот, зборува за прашањето кое е од голем интерес за кривопаланчани – цената и квалитетот на комуналните услуги, за патното поврзување со соседна Бугарија, за подобрувањето на условите за воспитание и образование, за транспарентноста на локалната самоуправа која ја предводи…
И покрај набиената агенда на обврски и надлежности Мицески е достапен до граѓаните. Вели функцијата е минлива, а само човековите карактерни особини не отсликуват сите нас затоа пред се треба да сме луѓе, а потоа политичари и професионалци во однос на она што го работиме.

Најавивте и реализиравте намалување на комуналните такси. Во каква состојба го затекнавте ЈП Комуналец и што направивте во областа на комуналните услуги во изминативе две години?

Крива Паланка заедно со останатите општини од Североисточниот плански регион работат на регионално управување со цврстиот отпад. Веќе сме во фаза на оформување на ново заедничко јавно комунално претпријате кое ќе биде стационирано во Св. Николе. Во делот на Мечкуевци ќе биде лоцирана новата депонија која што ќе го собира отпадот од вкупно 18 општини од Источниот и Североисточниот регион. Во таа насока, со оглед дека ќе биде зголемена цената за транспорт за отпадот дел ќе кофинансираме и ние како оптшина. Транспортот на отпадот до Ранковце ќе мора да го финансираме сами, а од таму до Куманово како регионален претоварен центар ќе конфинансира Владата.

Во врска со цената комуналните услуги, односно водата за пиење, имаче определено намалување на цената, но сега по налог на Регулаторната комисија која има целосна ингеренција во тој дел, наложено е одредени ценовници или услуги да бидат корегирани согласно на реалните трошоци на чинење на услугите кои ги нудиме. Регулаторна со допис не информира дека оваа и следниве две години ќе мора да има минимална корекција на сегашните цени на водата, бидејќи како општина имаме најефтина цена по метар кубен.

Треба да потенцираме дека во оваа година набавивме три нови и две половни возила за ЈП Комуналец. Машина скип – донација од Светска банка, од Јапонската амбаса добивме ново возило за собирање смет, а со сопствени средства набавивме едно ново и едно половно возило за смет, и едно возило набавивме преку Агенцијата за запленет имот. Возниот парк за овие пет месеци е значително подобрен со што и услугите што ќе ги понуди јавното комунално претпријатие ќе бидат на едно повисоко ниво. Годинава беа набавени и значителен број на контејнери и канти за смет кои веќе се ставени во функција. Со проектот за регионално управување со отпад, во текот на 2020 година ќе треба да добиеме три нови возила и тоа 4,  6 и 10m3 и 192 сада за отпад. 

Целото интервју со Мицевски прочитајте го на следниов ЛИНК.

Слични содржини