Мицевски: Не ги поднесовме амандманите за да ги повлечеме

од Aleksandar Todeski

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ги поднела амандманите за Изборниот законик за тие да бидат повлечени, туку за да се покаже дека не биле консултирани најголемите чинители во земјата за измените, тврди координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Би замолил Кирацовски да провери дали се комплетни за почеток на комисијата. Амандманите кои се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за Изборниот законик не се прикачени на е-парламент. Ние не можеме да ги погледнеме амандманите на ДУИ. Не знам која е интенцијата на Кирацовски повторно да оживува некоја тема, бидејќи гледате што се случува во државата. Целта за поднесување на амандманите не е да се повлечат, туку да се каже дека најголемите чинители во земјата не беа консултирани за измените“, рече Мицевски.

Тој истакна дека може да ја разбере интенцијата на малите партии за измените кои би донеле една изборна единица и отворени листи, но не и закажувањето на Кирацовски во овој момент.

А.Т.

Слични содржини