Мицкоски: Ако ги приближиме ставовите, може да имаме лидерска средба

од Aleksandar Todeski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по флрањето на крстот во Охрид кажа дека нема намера да оди на паушални лидерски состаноци на кои, како што рече, СДСМ предлага закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури.

„Работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба. Нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција. Така што ако треба да се одржи средба колку ради реда, јас навистина немам намера да го губам времето ниту на господинот Заев, ниту на граѓаните“, рече Микоски.

Според него, оваа недела работните групи ќе имаат состанок и ќе разговараат, а доколку ги приближат ставовите, тогаш веќе можеле да зборуваат за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба.

Слични содржини