Мицкоски: Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен

од Берта Китинска

Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван.Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е напиша на својот Фејсбук лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија.Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија!4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија! Слава му!, пишува Мицкоски.

Слични содржини