Мицкоски: Ако сега имаме избори, јас гарантирам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ нема после победата на изборите нема да дозволи иднината на Македонија да се крои во Мала Речица, дециден е претседателот на партијата Христијан Мицкоски во вечерашната Топ Тема.

-Не можам да се помирам со фактот што идината на Македонија се крои во Мала Речица, и ќе го повторам тоа. Ние ќе ја кроиме иднината на нашата Македонија врз основа на потребите на граѓаните. Е затоа бараме предвремени парламентарни избори, затоа што ние нема да дозволиме иднината да се крои во Мала Речица. Сигурен сум дека ќе освоиме 61 пратеник. Ако сега имаме предвремени парламентарни избори, денеска да почне процедурата, јас ви гарантирам дека ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе има 61 пратеник. Тоа е причината што ниту ДУИ, ниту СДСМ не сакаат предвремени избори, тврди Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија ја отфрли тезата дека ДУИ се тие кои категорично се противат на рапишувањето предвремени избори. Според него, ако тој и премиерот Ковачевски постигнат согласност за распишување на изборите, ниту една друга партија не може да ги спречи.

ДУИ не е клучниот фактор за распишување предвремени избори, таа теза ја слушам сега дека некој треба да се глорифицира, мистифицира итн. Не е така, празна е приказната, тоа е се мит, пи-ар стратегија на слаби политичари од редовите на СДСМ. Ако седнеме утре со Ковачевски и ако договориме, нема да зависи од никој друг, од некоја помала партија. Ќе зависи од тоа што ние ќе договориме, имаме повеќе од 61 пратеник и завршена е таа работа, сигурен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини