Мицкоски: Апелирам да најдеме начин да обезбедиме производство на вакцина во Македонија

од Viktor Jovanov

Апелирам до Владата, до сите умови во фарма-науката, дајте сите да се обединиме, нема овде партија, да направиме производствен погон или да најдеме начин како да обезбедиме производство во Македонија за вакцината. Мора да научиме да произведуваме, тоа е иднината. Имаме капацитети и човечки и научни. Само треба логистика. Да ги најдеме најголемите умови, да направиме една фабрика. Тоа е иднината, производството, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ.

Тој додаде дека ова е возможно во Македонија иако државата се уште доцни во однос на процесот на имунизација.

 

Слични содржини