Мицкоски бара да се објави планот на активности со Бугарија

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека дека ќе следува катастрофа во тековните преговори со Бугарија, затоа што според него, „кога двоецот Заев –Бучковски преговарале тоа значело дека ќе следува нова национална катастрофа по искуството од минатото кога тие одлучувале за иднината на граѓаните“. Тој повтори дека јавноста мора да знае каков е тој план на активности со Бугарија.

„Според нашите информации, покрај идентитетските прашања кои што опфаќаат македонската традиција, обичаи, јазик, историја, има и многу бизнис работи, кои се дел од тој договор, кој што е на маса. Треба да бидеме будни за да во овој период не го искористат овие двајца да го распродадат тоа што е малку останато за државата“, изјави Мицкоски по посетата на компанијата Специјал во Општина Ѓорче Петров во одговор на прашање.

Тој побара од медиумите час поскоро на македонската јавност да ѝм го обезбедат текстот на овој план за активности.

„Да видиме што опфаќа, затоа што според нашите информации, покрај идентитетските прашања коишто опфаќаат македонската традиција, македонските обичаи, македонскиот јазик, македонската историја, македонските дејци, македонските револуционери, има многу и бизнис работи би рекол коишто се дел од тој договор или план на активности којшто е на маса“, вели Мицкоски.

Слични содржини