Мицкоски бара притвор за Катица Јанева и најави дека нема да оди на лидерска со Заев

од desk4

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска со прес-конференција по апсењето на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и бизнисменот Кичеец во случајот „Рекет”.

– Имаме злоупотреби на медиум, тргување со правдата, финансиски интереси и политички мотиви. Ова не е возможно без закрила од самата вртешка на власта. Вчерашната акција е театар да се спасат нарачателите на криминалот, како Катица Јанева и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со државата, вели Мицкоски.

 

Тој бара да бидат упасени сите вклучени и  дека од Рускоска обвинителството и одзеле само мобилен на Катица Јанева.

– Каде се „Флики и Кики” кои вршеле уцени? Тука се вклучени директно лица од власта. Дали е точно дека силата на Катица е од Заев кој еднаш и рече „не се секирај се ќе биде во ред”. Дали при средба во домот на првообвинетиот чест гостин е висок функционер на СДСМ со Јанева каде се договарале понатамошни постапувања? Дали е точно дека заштита се високи функционери од СДСМ?, прашува Мицкоски.

Мицкоски праша дали е вистина дека Јанева ја имало во разговорите со првообвинетиот и дали е точно дека и други лица завршиле работа со обвинители и власта да не подлегнат на обвинение.

– Компромитираното СЈО е завршена работа, а сега треба да има притвор за Катица Јанева и сите вмешани, зошто исполнети се сите услови за ваква мерка. Има можност за повторување на делото зошто Јанева уште е прв човек на СЈО, има можност за бегство и за влијание, вели Мицкоски.

Мицковски кажа дека нема да оди на лидерската средба со Зев и бара предвремени парлалментарни избори веднаш

 

 

Прес конференција Христијан Мицковски

Публикувахте от MИА.mk в Вторник, 16 юли 2019 г.

Слични содржини