Мицкоски бира кои закони му одговараат: „Да не се блокираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да го стават на гласање Законот за заем од СБ“

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира активно секој закон, секоја иницијатива кои не носат добро за граѓаните, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа се закони, според него, за поединци или „имаат за цел да го пљачкаат народот“.

-Но, се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи. Сакам да апелирам на одговорност и до Талат Џафери и до СДСМ и до ДУИ веднаш на седница да го стават Законот за заем од Светска Банка каде што 63 милиони евра ќе бидат вложени во општините во Македонија, во нова инфраструктура, во нови улици, во нова канализација, во нови водоводи. И наместо повторно да ги блокираат успешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да го стават на Пленарна седница и да го изгласаме затоа што на крајот од денот бенефит од тоа треба да видат граѓаните, тие кои што ги плаќаат и нив, и нас, вели Мицкоски.

Слични содржини