Мицкоски: Буџетскиот дефицит за првите шест месеци е над 26 милијарди денари

од Nikola Popovski

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија 24 истакна дека мотивацијата е значаен фактор во продуктивноста на работникот, посочувајќи дека државата има сериозни професионалци и луѓе кои мора да се мотивираат за да го дадат својот максимум.

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата. Најпрвин е потребно да обезбедиме правна држава. Во моментов немаме правна сигурност за нашите инвестиции и немаме предвидливи економски политики“, изјавил Мицкоски.

За да дојдат луѓе кои ќе инвестираат во земјава или домашни инвеститори што ќе инвестираат во производни процеси, истакна Мицкоски, треба да има функционална правна држава.

„Јас не зборувам за економија која ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше во изминатите три години. Додека се намалуваше продуктивноста на работникот, се зголемуваа примањата, бидејќи се интервенираше со некои репресивни методи кон бизнис-заедницата. И на тој начин се намалуваше продуктивноста, се зголемуваше практично платата. Не, ние зборуваме за природен раст на вработеноста и природно намалување на невработеноста“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцирал дека буџетскиот дефицит во Македонија за првите шест месеци е над 26 милијарди денари или во превод власта повеќе трошела отколку што заработила.

„Проблемот е што денеска еве јас имам алармантна бројка да речеме во првите шест месеци од оваа година имаме буџетски дефицит од прилика 26 милијарди денари нешто над 420 милиони евра. Значи повеќе е потрошено отколку што е заработено, еве вака да им биде на гледачите  појасно. И ако вака продолжи со оваа динамиката ги гледам параметри и во јули месец во првите неколку дена не се некакви, до крајот на годината можно е нашиот буџетски дефицит да биде 80, 90 милиони евра“, вели Мицкоски.

Слични содржини