Мицкоски: Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства

од Ивана Рамаданова

Иако  Заев и Шекеринска се политичари уште од времето на транзицијата, треба да знаат дека доаѓа ново време, а промените се на прагот и доаѓа нова надеж за нашата држава, истакна на денешната прес конференција лидерот на опозицискаа ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој го повика премиерот Заев доколку верува во правната држава, доколку е за борба против криминалот и корупцијата, и доколку сака државата да оди напред, без двоумење да прифати измени на законот со кој че се забрани амнестија на политичари, а сите оние кои ќе бидат амнестирани да не смее да се занимаваат со политика.

„Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се  збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија. Да ги тргнеме на страна политикантските и заобиколувачки одговори, да не се прават алиби, затоа што се гледа дека секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното. Време е да се даде нова надеж, да се направат промени и да се донесе обновата во Македонија, порача тој.

, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се  збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија. Да ги тргнеме на страна политикантските и заобиколувачки одговори, да не се прават алиби, затоа што се гледа дека секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното. Време е да се даде нова надеж, да се направат промени и да се донесе обновата во Македонија“, рече Мицкоски.

Слични содржини