Мицкоски: Да не го осудуваме Рашковски пред време, истрагата може да се прошири, но и да се укине

од Viktor Jovanov

Да не го осудуваме Рашковски пред време, да причекаме. Може ќе се прошири истрагата може и ќе ја снема. Така завршуваат пријателите на власта и Заев со куќен притвор, додека пак политичките противници добиваат ефективен притвор, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“.

Според Мицкоски, екс генералниот секретар на Владата, одамна требал да биде изнесен пред судот, поради работи кои, како што вели тој, ги правел од поодамна. Како што вели лидерот на ДПМНЕ, целиот случај со Рашковски е исцениран од поодамна.

-Ова најавуваше неколку дена однапред, сценариото се најави со оставката на Рашковски, како поминуваа деновите се велеше дека ќе добие куќен притвор, тоа и се случи. Можам да ви кажам и што ќе се случи понатаму, случајот може да се прошири за 2 обвиненија, и оваа мерка притвор да биде променета со ефективен притвор. Не треба да ни е чудно зашто сме на 111 место во перцепција на корупцијата и криминалот, и  не треба да не чуди укорот од најголемите држави, вели Мицкоски.

Тој вели дека би сакал да има доверба во судството и обвинителството но е убден дека ова судство не е независно.

-Далеку од тоа дека овој случај треба да ни ја врати довербата во правосудството .Ова е договорено од претходно, рече Мицкоски.

Слични содржини