Мицкоски: Датумот на избори не е тема за којашто ние ќе зборуваме на зелен пазар

од desk4

Датумот на избори не е тема за којашто ние ќе зборуваме на зелен пазар, тоа е тема што ја дефинира Уставот и треба да прекинеме со праксата да го кршиме Уставот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на трибината во скопската општина Карпош за промоција на политиките од партискиот концепт „Македонија за сите луѓе“.

-Како што е во него дефинирано, така ние треба да се однсесуваме и тоа треба да го применуваме. Ако Уставот вели мандатот на градоначалнците и советите е 4 години, тогаш после 4 години ние треба да го имаме првиот круг избор на градоначалници и советници. Ова не треба да биде тема за дневна полтиика. Како што е во Уставот, го повикувам претседателот на Собранието, Талат Џафери да ги распише изборите согласно Уставот, рече Мицкоски.

Ваквата изјава на Мицковски доаѓа по изјавата на премиерот Зоран Заев, кој вчера рече дека ќе бара согласност од останатите партии локалните избори да се одржат на 31 октомври,. Мицкоски негира дека на лидерската средба во со Заев во Клубот на пратениците, не се споменал потенцијален датум за локалните избори.

Во јавноста веќе се спомнуваат три можни датуми за одржување изборите, 17, 24 и 31 октомври. Премиерот Зоран Заев кажа дека ќе бара согласност од останатите партии за локалните избори да се одржат на крајот на октомври, со цел да нема преклопување на пописот со кампањата. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на почитување на Уставот и изборите да се одржат во средината на октомври, а, наместо нив, пописот да се одложи за ноември. Со ист став е и опозициската Алијансата за Албанците.

Слични содржини