Мицкоски до Филипче: За пофалба е сечиј труд, што поскоро да се дојде до вакцината за Ковид 19

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук напиша дека е за пофалба сечиј труд што поскоро да се дојде до вакцината против ковид-19 за што повеќе граѓани.

„За пофалба е сечиј труд, што поскоро да се дојде до вакцината за #COVID за што повеќе македонски граѓани, дури и преку помош од соседите! Само би сакал да го прашам Венко Филипче, што точно е договорено? Kога и колку вакцини можеме да очекуваме, за да може да се направи детален план?“, напиша Мицкоски.

Слични содржини